Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фесјбук профил го искоментира свдочењето на поранешниот премиер Зоран Заев во случајот „Монструм“. Јанушев потенцира дека Заев извршил ново „салто мортале“.

- Вистинскиот монструм во случајот Монструм е Зоран Заев, човекот кој правеше политика со тажната судбина на семејствата на загинатите деца, а во исто прави и селфи со убијците кои ги пушти на слобода.

Неговата изјава пред судот преставува “салто мортале” со која тој признава дека лажел, дека манипулирал со чувствата и си поигрувал со болката на родителите чии чеда беа ладнокрвно убиени.

Заев беше три години премиер, и не направи ништо за казната да ги стигне сторителите. Се прашувам каков “материјал” од човек треба да се биде да се оди во домот на родителите, во очи да се гледаат и лажат луѓето дека ќе ја кажел вистината за нивните деца, а притоа да знае дека тоа го прави само за да ќари некој политички поен.

Кога не му беше тешко да лаже за една ваква работа можете да замислите колку лесно лаже за се друго. Се поставува и дилемата дали Заев нема некаков договор за да ги избрише трагите од убијците и каков личен бенефит седи позади тоа???

И ќе повторам уште еднаш, вистинскиот монструм во случајот Монструм е Зоран Заев, стои во објавата на Јанушев.