Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и денес истакна дека опозицијата останува на ставот дека Законите треба да бидат напишани од експерти, алудирајќи на Законот за Јавно обвинителство.
- Законите треба да бидат напишани од стручната фела, од луѓе чиј интерес е само интересот на граѓаните а не интересот на Заев да се избега од одговорност. Македонија е земја на нејзините граѓани, а не само земја на една мала група на луѓе, одредено семејство, било тоа Заеви или некое друго. Како држава не смееме повеќе да грешиме. Го немаме тој луксуз ниту пак граѓаните го даваат тоа право. Само така Македонија ќе има иднина, стои во неговата реакција