Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денес заедно со членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски и професорката Иванка Василевска положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 148 годишнината од неговото раѓање.
Денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Даскалот и неговите идеали вечно ќе бидат водилка за македонското делување. Неговиот сон е сон на сите нас, силна, достоинствена и чесна Македонија, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил.
Македонија на сите граѓани, со успеси забележани насекаде во светот. Вечна нека е идејата – додаде Мисајловски.