Александар Николоски, Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски присуствуваат на првото Политичко собрание на Европската Народна Партија за 2020 година.

Политичкото собрание ќе стави примарен фокус на внатрешните процеси во Партијата како и состојбите во Европската унија пост-Брегзит. Се очекува претставниците на најмоќното политичко семејство во ЕУ да се осврнат и на иднината на процесот на проширување.

- На денешното Парламентaрно Собрание на Европската Народна Партија информирав за состојбите во Македонија, лошата економија, криминалот и корупцијата, но и за обидот на Заев да избега од избори.

Европската Народна Партија ја подржува ВМРО-ДПМНЕ, избори мора да и има и на нив ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, истакна Николоски.