Делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од Потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот Секретар Тимчо Муцунски ќе присуствува на првото Политичко собрание на Европската Народна Партија за 2020 година.

Политичкото собрание ќе стави примарен фокус на внатрешните процеси во Партијата како и состојбите во Европската унија пост-Брегзит. Се очекува претставниците на најмоќното политичко семејство во ЕУ да се осврнат и на иднината на процесот на проширување.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на посетата ќе оствари повеќе средби со раководството на Европската народна партија како и членови на Европскиот Параламент.