Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посетата во Гевгелија ја продолжи со средби со стопанственици и здравствени работници од овој град.

- Бев на средба со здравствените работници во Негорци и на работен ручек со стопанственици од Гевгелија. Покрај економијата силен фокус ќе имаме и на враќање на достоинството на здравствените работници.

Здравството не смее да биде експеримент за криминално богатење на поединци, ниту пак за перење на пари на белосветски измамници какви што гледаме дека Заев прибирал во Македонија.

Здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните.

Програмата која ќе ја понудиме ќе има сеопфатен пакет на мерки кои ќе подразбираат обнова на најважните сегменти на здравството, истакна Мицкоски.