Партијата за движење на Турците (ТХП) продолжува со граѓанските средби и директните консултации за изборната програма.
Под мотото „Сите заедно, насекаде“ и во водство на Претседателот на партијата Енес Ибрахим и раководството овој пат ТХП го посети Охрид.
Пред Охриѓаните се обрати генералниот секретар на ТХП Илхан Рахман, кој со кратка ретроспектива ја објасни борбата со претходниот режим, но и реализираните проекти од изборната програма на ТХП која беше инкорпорирана на владината програма.
Во Охрид свое излагање имаше и претседателот на ТХП, Енес Ибрахим кој се осврна на успешните образовани, економски, социјални политики кои беа воведени во изминативе години.
Ибрахим говорејќи за професионалниот пристап на ТХП истакна дека и на претстојните парламентарни избори ТХП ќе биде меѓу единствените политички партии кои спремаат своја политичка програма, а при креирањето на истата програма суштинска важност имаат идеите и предлозите на граѓаните.
Присутните граѓани поттикнати од говорите доставија занимливи коментари, барања и предлози, кои ќе бидат соодветно разгледани и преточени во изборната програма на ТХП.
Партија за Движење на Турците во Македонија