Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски својата посета во Радовиш во рамки на акцијата „обновата пред вашиот дом“ ја заврши со посета на компанијата „Вергови“.
-Во Радовиш остварив посета на успешен домашен бизнис пример на компанијата Вергови, како и преставници на транспортните компании од овој регион. Домашните компании мора да се поддржат со конкретни проекти и тие се р’бетот на нашата економија. За да се развиваат клучна е борбата против распространетата корупција и заштита на правната држава. ВМРО-ДПМНЕ знае што им треба на стопанствениците и тие ќе ја добијат подршката по смена на власта. Обновата доаѓа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.