Соопштение до јавноста, реакција на прес конференција на Фатмир Битиќи

Република Македонија е меѓу осумте земји во светот каде има најголем одлив на талентирани луѓе кои си заминуваат. Полошо е во Хаити, Венецуела и Јемен. Овие факти од истѕражувањето на Економист говорат многу повеќе од лагите на СДСМ за навидната грижа за граѓаните и наводното покачување на платите.

Непобиен факт е дека откако е СДСМ на власт потешко се живее. Има неправди на секој чекор и огромна неспособност на власта да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија. Однародената и криминална власт на СДСМ е исплашена од изборен дебакл и со популизам се обидува да ги излаже граѓаните дека платите им се покачени.

Неодамна и Меѓународниот монетарен фонд упати остри критики до владата на СДСМ, дека сите потези што ги влечат би можеле да ги поткопаат придобивките што беа направени во делот на фискалните политики, и дека СДСМ фиктивно само на хартија ги зголемува платите и пензиите, а од друга страна ги зголемува даноците кои се повеќе и повеќе ги осиромашуваат граѓаните.

Со доаѓањето на СДСМ на власт долгот на државната каса енормно расте, државата стагнира, платите паѓаат, стандардот на граѓаните паѓа, а трошоците за живот се се поголеми. Економијата е во колапс.

Доста е со манипулирање и лажење на вредниот македонски народ! Време е неспособните луѓе од СДСМ да си заминат, а новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да воведе вистински раст на платите во економијата на една реална и одржлива основа што вистински ќе го почуствуваат сите граѓани. Зоран Заев никогаш повеќе.