ВМРО-ДПМНЕ никој пат нема да дозволи СДСМ на шверцерски начин да протнува решенија, кои се само во личен, бизнис интерес на кликата на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ принципиелно ќе продолжи да дава предлози за подобрување на законски текстови и да поддржува предлог закони кои се реформски, кои се во интерес на Република Македонија и во интерес на граѓаните.

СДСМ дрско лажат.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не кочело реформски закони или закони во интерес на граѓаните. Напротив ние за разлика од СДСМ покажавме дека сме конструктивна опозиција. Но нема да дозволиме во Собранието непосредно пред изборите да се штанцаат лоши закони кои имаат за цел поткуп на гласови или давање на лични и финансиски повластици на луѓе блиски до власта, како што е случајот со законот за опојни дроги.

Впрочем, најдобар пример дека ВМРО-ДПМНЕ не ги кочи законите е случајот со последната седница на матичната комисија на која се разгледуваше Законот за опојни дроги на која не присуствуваше ресорниот министер Венко Филипче.

Неговото отсуство беше причина за одложувањето, бидејќи Филипче избегнува да даде одговор како е возможно лиценци за марихуана да се доделуваат полесно од лиценци за такси компании. Згора на тоа, речиси по правило, сите лиценци за бизнисот со канабис ги добиваат лица блиски до власта.

Дополнително и министерката Десковска никаде ја нема да објасни како ја партизира Комисијата за правосуден испит со лица кои се сестри, сопруги, и други блиски луѓе на функционери на СДСМ.

СДСМ се свесни за поразот на изборите и затоа се нервозни. Граѓаните видоа дека виновни за сите порази, неуспеси и падови на Македонија се Заев и СДСМ. Заев никогаш повеќе.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ