Грижата на СДСМ за македонските компании се вика 106-то место по корупција според Транспаренси Интернешнл и „хибриден режим“ според угледниот весник Економист.

Во недостиг на проекти дочекавме СДСМ да се пофали дека доделувале пари на компаниите на своите функционери преку Фондот за криминални иновации.

Лицемерно е СДСМ да вели дека преку Фондот за криминални иновации ги поддржувале македонските компании кога сите видовме како поддршка добија компаниите чии сопственици се функционери на СДСМ или нивни роднини. Тој Фонд единствено послужи како приватна фирма на Заев и СДСМ за испумпување на милиони евра народни пари.

За тоа колку СДСМ се грижи за македонските компании граѓаните се уверија кога слушнаа како лица блиски до врвот на партијата и Зоран Заев вршат рекет врз компании и бизнисмени уценувајќи ги за огромни суми на пари.

За поддршката кон македонските компании од страна на СДСМ доказ е и падот на индустриското производство од 5,9%, но и најновиот скандал со матните лиценци за одгледување на канабис кои се доделија на финансиерите на Заев, неговиот зет, но и семејството на Боро Марлборо кој беше осуден за шверц на цигари.

Да не ја заборавиме и нулата со која над 200 германски компании ја оценија работата на СДСМ во полето на економијата.

Единствено поддршка од оваа криминална власт добија компаниите на кланот Заеви, на Анѓушев и останатите функционери и нивни најблиски.

Додека за останатите компании, но и граѓаните СДСМ донесе беда, пропаст и сиромаштија.

СДСМ и Зоран Заев единствено работат за лична корист врз грбот на македонските компании и граѓани. Токму затоа за многу брзо ќе следи казната од граѓаните. На 12 април СДСМ и Заев заминуваат на црната страна во политичката историја и следува Обнова на Македонија. Зоран Заев никогаш повеќе.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ