Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил денеска оддаде последна почит за легендата на македонската кошарка кој доцна синојќа трагично го загуби животот во сообраќајка во скопска Кисела Вода.
- Благодарност за твоето дело кое ќе продолжи да инспирира многу генерации. Печатот кој го остави во македонската кошарка е неизбришлив. Големите луѓе живеат вечно. Слава ти!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод трагичната смрта на кошаркарската легенда.