Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во интервју за friday.mk говори за почетоците во политиката, како е да се биде најмлад пратеник во историјата на Македонија, за тоа каков е Александар приватно…
Како балансираш семејство, пријатели, и време за себе со работата знаејќи дека си постојано со обврски?
Искрено не успевам 🙂 Мислам дека кој ќе ви каже дека успева, не е искрен. Многу сум благодарен на мојата фамилија, на пријателите и на сопругата што издржуваат и ме поднесуваат, зошто ако сакате да успеете во овој живот кој јас го водам, тогаш потребно е 24 часовна посветеност. Денот ми започнува околу 09:00 часот наутро и завршувам секој ден помеѓу 23:00 и 01:00 часот по полноќ. Тоа е темпо кое што не ви остава многу простор за фамилија или за пријатели. Од седум рабтни дена во неделата, јас работам сигурно шест, а некогаш и повеќе, но се обидувам неделното попладне да го поминам во одмор. Морам да кажам дека сопругата ми дава огромна поддршка и добро е што и таа има интензивно темпо на живот и се вклопуваме двајцата. Немам многу простор за приватен живот но сите ние сами си ги правиме изборите. Не би сакал целиот мој живот да го поминам во политика, па веројатно во мојот втор дел од животот би имал повеќе време за другите работи.
Каков е Александар приватно? Како го поминуваш слободното време и колку посветуваш време за себе?
Се доживувам како забавен и интересен лик. Многу луѓе ми го кажале тоа дека имаат поинаква перцепција за мене од јавноста и приватното. Сакам хумор и забава, тоа ми е од дете и се трудам да го правам тоа многу често се надевам на симпатичен начин за пријателите. Сакам да правам хумор на моја сметка бидејќи сметам дека интелегентни луѓе се оние кои што можат да издржат ваков тип на критики. Се обидувам да одам во Охрид секогаш кога можам бидејќи таму живеат моите родители и родителите на мојата сопруга. Охрид го обожавам и навистина многу го сакам во секој период од годината. Таму пораснав и тоа ми е една убава духовна енергија. Сакам да патувам кога можам, да пешачам на Водно и уживам во добар пијалок и добра забава. Некако излегувањето ми остана во крвта и покрај оваа набиена агенда, знам еднаш неделно да излезам.
Целиот разговор на следниов линк.