Во рамки на посетата на Прилеп, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со менаџментот на компанијата Витаминка. Мицкоски оттаму порача дека економијата во Република Македонија мора да се ослободи од стегите на хибридниот режим.

- Ја посетив фабриката Витаминка од Прилеп. Одличен бренд кој трае над 60 години и вработува над 700 луѓе. Развојот на нашата економија треба да се темели врз успешните примери кои треба да растат дополнително, да се прошируваат и зајакнуваат.

Економијата ќе го има нашиот најголем фокус зошто преку нејзе се гради иднината на една земја и може да се обезбеди добриот живот. Мора да се ослободи економијата од стегите на хибридниот режим кој го донесоа, од корумпираноста со која сме први во Европа, да изградиме квалитетен систем каде човечкиот труд ќе се вреднува, а знаењето и професионализмот ќе доаѓа до израз.

Имаме концепт и план. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе чекори вистински напред, праведно, развојно, со концепт и идеја. Македонија може повеќе и подобро, истакна Мицкоски.