Претседателот на НДП Весел Мемеди, Генералниот секретар Сухејл Фазлиу и директорот на Центарот за истражување на НДП Абдулкадир Исаки реализираа официална средба со Директорот на ИРИ Овен Паун, заменик директорот Илина Мангова како и раководителот на програмата на ИРИ Валбона Морина Максути. Во оваа средба се дискутира за политичката актуелност и предвремените парламентарни избори.
Претседателот на НДП, Мемеди ги извести високите претставници на ИРИ, дека парламентарните избори од 12 април се многу значајни за сите политички актери и дека овие актери треба да бидат конструктивни за подобро организирање на изборите.
Претседателот Мемеди, потенцира дека НДП има платено голема цена во одбрана на прогресивните и демократските вредности во минатото, и дека повторно е спремна да се жртвува за демаскирање на деструктивните сили кои сакаат да го зададат последниот удар против националните и демократските вредности во земјата. Мемеди исто така истакна дека НДП е спремна да ги зајакне своите политички капацитети, учествувајќи во различни проекти и програми кои се организираат од оваа почитувана американска институција ИРИ.
Директорот на ИРИ Овен Паун истакна дека ИРИ секогаш давала поддршка vo зајакнување на политичките капацитети за сите политички партии, и ќе продолжи да го направи и во иднина.
Служба за Информирање – НДП