По аферата која ја објави италијанскиот весник Ла Верита во која наведуваат дека поранешниот премиер Зоран Заев поткупувал гласови во кампањата за изборите во 2014 година, со реакција излезе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
- Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта?
Изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Русковска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство. Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот.
Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта.
Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.
Случајот за поткуп на гласачи во 2014та година, "сосема случајно" бил отворен во 2018та година и затворен поради немање на докази. И сега ние треба да и веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014та година туку и за изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде "вождот" немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира.
Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018та затоа што тоа Вилма Русковска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт.
Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта...
Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото, истакна Мицкоски.