Тешко на партијата на чии функционери не им пречи да бидат водени од единствениот политичар во Европа кој три пати е аболициран за криминал.
Секојдневно во медиумите излегуваат докази за криминалот на Зоран Заев и неговите функционери. Очајните Заев и СДСМ со манипулации се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон лица кои немаат никаква дамка во кариерата и знаат дека ќе сторат се за да ги спречат криминалните политики на Заев и Царовска кои ја дотуркаа Македонија на дното од европските земји според корупцијата и ја сместија земјава во категориите на земји со хибриден режим.
Во СДСМ се свесни дека ја напуштаат власта и во паника пред граѓаните креираат сценарија.
Наместо Милан Живковиќ да манипулира треба да и одговори на јавноста, кој е придонесот на неговиот шеф за Македонија да се најде на 106-то место според Транспаренси Интернешнл во друштво со Монголија, Брегот на Слонова Коска и Египет?
Живковиќ треба да одговори зошто граѓаните на Република Македонија земаат најниска просечна плата на Балканот?
СДСМ нека не молчи за секојдневните афери кои се откриваат, а се вмешани Заев и нивното цело раководство.
Крајот на СДСМ се повеќе се ближи.
Решението граѓаните го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат.
Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле.
По 12-ти април следува обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ