Стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк рече дека тимот е цврсто на земја и никој не мисли дека „црвените“ се непобедливи.

Лидерот во Премиер лигата ја запиша 22. победа во сезона во која имаат и реми, но не и пораз и убедливо го држи првото место на табелата со 16 бода повеќе од Манчестер сити.

– Никој од нас не мисли дека сме непобедливи. Се е можно. Моментно се е како што треба и сите во екипата се задоволни, но сакаме уште повеќе да напредуваме, рече Холанѓанецот во дефанзивната линија на Јирген Клоп.

Ливерпул утре (недела) го очекува дуел со нисколигашот Шрусбери во Лига купот на Англија, за среда е закажан одложениот меч со Вест Хем, а наредната сабота и натпревар со Саутемптон.


Администратор
25/01/2020 15:20