Машката ракометна репрезентација на Хрватска по третпат во историјата ќе се бори за титулата европски шампион откако во полуфинале што траеше два часа и 15 минути и по две продолженија ја совладаа Норвешка со 29:28 (мечот во регуларниот дел заврши 23:23). Голот за финале го постигна Жељко Муса на три секунди до крајот на средбата. Најефикасен хрватски ракометар беше Домагој Дувњак, кој беше прогласен и за МВП, со осум гола, шест гола додаде Мариќ, Хорват реализира четири додека Степанчиќ го заврши настапот со три гола. Прв стрелец кај Норвежаните беше Сандер Сагосен со десет погодоци, Гулеруд, Танген и Јоханесен дадоа по четири. Вториот финалист на 14. Европско првенство во ракомет ќе биде познат по вечерашниот напревар меѓу Шпанија и Словенија.


Администратор
24/01/2020 22:12