Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија. Со самиот пласман во полуфиналето, репрезентативците добија 3.000 евра, колку ќе добијат и во случај на триумф над Хрватска вечерва во Стокхолм. Како финалисти, Норвежаните ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка. Ако, пак, успеат да слават и во финалето в недела, тогаш ќе обезбедат и олимписка виза за ОИ во Токио ова лето, плус 12.000 евра како награда. Првото полуфинале на ЕП 2020 меѓу Норвешка и Хрватска е од 18 часот, во второто, од 20.30 часот, ќе играат Шпанија и Словенија.


Администратор
24/01/2020 22:09