Поранешниот пилот на Формула 1, Рубенс Баричело изрази интересно мислење дека шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон е поталентиран пилот од другите две легенди – Аиртон Сејн и Михаел Шумахер.

– Како талент, Хамилтон е подобар од Аиртон Сејн и Михаел Шумахер. Единствено што му недостасуваше беше зрелоста. Сега кога Британецот созреа, дојде резултатот. Го слушав неговиот говор на радио за време на ГП на Бразил. Тој беше неверојатно мирен, пренесуваше информации, коментираше што му треба и што не. Совршен пилот – комбинација на вештините на Сена, храброста на Шумахер и координацијата на Хамилтон, рече поранешниот пилот на Ферари.


Администратор
23/01/2020 21:20