Првиот светски рекет Рафаел Надал денеска го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:1 и се пласира во третото коло на Грен слемот Австралија опен.

Мечот траеше два часа и 30 минути.

Во следното коло ривал на Шпанецот ќе биде неговиот сонародник Пабло Карено Буста.

Вкупниот награден фонд на првиот од четири Грен слем што се играат во текот на годината изнесува 49,1 милиони долари.


Администратор
23/01/2020 15:58