Одговарајќи на новинарски прашања, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека номинацијата на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија сама по себе е скандалозна.

- Tоа е скандалозно само по себе, ние и тогаш тоа го коментиравме што не отстапи од министерската позиција и еве ја користам оваа прилика и друга анализа да кажам, бидејќи тоа сме го зборувале и во рамките на партијата, но и во разговори со моите стратешки соработници и со правната комисија.

Ако го погледате законот за антикорупција членот 44 став 2, ќе видите дека тоа е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција. Замислете човек кој себеси се нарекува познавач врвен европски познавач на правото прави правен фаул за себе.

И ние треба да имаме доверба. Ние сега треба да имаме доверба во овој предлог кој што таа како орган во министерството кое што го има го предлага, мислам тоа е навистина надвор од било каква логика. Кога на самата себе го прекршува законот.

Еве ја повикувам ДКСК по допрен глас, нели иако тие обожуваат веќе неколку месеци таму немаат одржано седница, претпоставувам сега ќе се интензивизираат пред изборите, и наеднаш ќе има наплив на седници во ДКСК.

Но на една од тие седници, најчесто ќе бидат случаи против мене или против ВМРО-ДПМНЕ, еве ги охрабрувам по овој допрен глас да одржат седница и да истражат дали е во конфликт со законот за антикорупција, односно спречување на корупција себе номинирањето на избран функционер од истата таа Влада за претставник во Венецијанската комисија. Еве нека го истражат тоа и нека излезат, ако сум јас во грешка, ако сме ние во грешка тогаш ќе имаме доблест да признаеме, но ако не сме во грешка тогаш да видиме конечно некаква одговорност. Еве сега сум убеден дека ќе ги засилат состаноците, иако неколку месеци нема никаква активност таа иста комисија, истакна Мицкоски.