Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Свети Николе истакна дека „животот“ кој го ветуваше Зоран Заев денес е дефиниран како хибриден режим.
Бев во Св. Николе. Од власта ветуваа живот, ама „Економист“ вели дека со Заев имаме хибриден режим. Во 21 век, во Европа има хибриден режим, а ветуваа промени, и подобро. Тоа нивно владеење се претвори во еден хибриден режим во кој ја сврстуваат земјава. А, како поинаку би било со толку многу криминал и висока корупција, со амнестиран лидер на власта и измами на секој чекор. Македонија може и мора повеќе и подобро. 12 април е шансата за обнова, шансата за промени. Тој вели дека тоа нивно владеење се претвори во еден хибриден режим во кој ја сврстуваат земјава. А, како поинаку би било со толку многу криминал и висока корупција, со амнестиран лидер на власта и измами на секој чекор, истакна Мицкоски.