Порталот „Харперс базар“ објави листа од 10 најубави градови во светот. Еве како таа изгледа:

Фиренца, Италија

Додека Рим ја има титулата „најстар град во Италија“, Фиренца го има пламенот на чиста италијанска убавина. Освен Фирентинската катедрала, којашто е своевиден заштитен знак на градот, она што мора да се посети се галериите и музеите со дела на светски познати автори.

Санкт Петербург, Русија

Рускиот „Париз на Истокот“ е основан од царот Петар Велики во 18. век. Неговата убавина лежи во многуте дискретни острови, прекрасната авенија „Невски“, царските кули на Ермитаж – музеј кој содржи толку многу уметнички дела што можете да го поминете целиот живот шетајќи низ неговите сали и никогаш да не погледнете сè.

Чарлстон, Јужна Каролина, САД

Тука за посетителите, неизбежни се „Батери авенијата“ и улицата „Калмерс“ со калдрма и бермудски варовник. Бујниот живот постојано создава потреба од отворање сè повеќе барови, хотели и „јужњачки“ ресторани.

Кејп Таун, Јужна Афррика

Овој приморски град, засенет од планината Тејбл и познат по бројните пингвини на плажите, 2014 година е прогласен за светска престолнина на дизајнот, како спој од природна убавина и човечка креативност.

Бриж, Белгија

Мрежата од канали и главниот плоштад во барок стил,, го прават градот популлрен кај туристите.

Следат: Единбург и Лит, Обединетото Кралство, Џаипур, Индија, Кјото, Јапонија, Шефшавен, Мароко и Квинстаун, Нов Зеланд.


Администратор
22/01/2020 16:52