Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во врска со случувањата во високото образование, вели дека од власта предводена од СДСМ и Зоран Заев освен закани, притисоци, ниски удари и политички игри не може да се очекува ништо друго.
- Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека е преседан притисокот од владата, преку универзитетот, односно работодавачот да формира нов синдикат.
Од НАкС наведуваат дека дописот и собирањето на ректорите од министерот за образование, Арбер Адеми, претставува прекршување на Законот за работни односи, бидејќи според законот работодавачот (универзитетот) не смее да се меша во синдикалното здружение и во работењето на синдикатот.
Од синдикатот наведуваат дека последните случувања претставуваат отворена закана која се базира на измама. Измамата, според нив, се состои со тоа што се тврди дека покачувањето на платите не може да се направи без колективен договор со репрезентативен синдикат. А, за да биде небулозата уште поголема, од НАкС потенцираат дека уште пред 3 месеци предложиле и доставиле до министерот Адеми предлог колективен договор.
Но, што друго може да се очекува од Заев и криминално-рекетарската банда на СДСМ, освен лаги, манипулации, закани, притисоци, криминал и корупција?!?, вели Јанушев.