Личните податоци на над 267 милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук се слободно достапни на Интернет, предупреди британската компанија „Компаритек.

Според неа, пристап до базата на лични податоци – имиња, телефонски броеви и други информации може да добие секој корисник на Интернет без лозинка и регистрација.

Поголем дел од податоците се на корисниците на Фејсбук во САД.

Базата на податоци е креирана од хакери во Виетнам, утврди компанијата што работеше на случајот заедно со независниот експерт Боб Дајаченко. Таа била поставена на Интернет на 4 декември, а откриена на 14 декември од страна на Дајаченко, кој ги предупреди провајдерите за да ја блокираат.

На 19 декември, контролата покажа дека базата веќе не е достапна. Сепак, сè уште не е познато колку од личните податоци се нашле во рацете на хакерите.


Администратор
20/12/2019 10:37