Последните тестови за повредата на Кингсли Коман покажаа дека таа не е тешка и ќе биде целосно подготвен да игра на почетокот на јануари.

Синоќа Французинот го повреди во левото колено за време на натпреварот со Тотенхем и беше заменет. Имаше шпекулации дека Коман ќе биде аут за долго, но на крајот резултатите се добри.

– Кингсли ќе ги пропушти само преостанатите три натпревари од Бундеслигата и ќе биде целосно подготвен за кампот во Доха во јануари, објасни лекарот на Баерн, Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт.

На почетокот, продолжи тој, сите бевме многу исплашени, но тој имаше среќа.


Администратор
12/12/2019 21:23