Поранешниот македонски репрезентативец во помлади категории и поранешен играч на Џио Струмица Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица почина денеска на 32-годишна возраст.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.


Администратор
10/12/2019 00:57