Комесарот за проширување, Оливер Вархели рече дека пристапните преговори со Албанија и Македонија треба да почнат напролет. Изјавата ја даде откако пристигна на состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи во Брисел.

– Денеска имавме работен појадок со министрите за надворешни работи на Албанија и на Северна Македонија. Дискусијата беше многу позитивна и јас сум сигурен дека можеме поправиме да ја грешката и да почнеме преговорите напролет, рече комесарот Вархели.

Дебатата, како што нагласи, била охрабрувачка. – Изгледа дека ќе можеме да одиме напред и да ја исправиме грешката направена во октомври. Треба да ги започнеме преговорите за пристап со двете држави напролет, рече Вархели.

На 15 октомври министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат за започнување преговори со двете држави поради приговори од Франција, Холандија и Данска. Подоцна прашањето беше покренато на Самитот на ЕУ на 17 октомври, но не беше постигнат консензус и тогаш. Преговорите со Албанија и Македонија ќе бидат исто така на агендата на Советот на Европа ЕУ во април.

Франција услови понатамошни чекори во процесот на пристапување во ЕУ, со реформа на самиот процес.

Новата Европска комисија треба да излезе со предлог за нова методологија за пристапниот процес до крајот на јануари.


Администратор
09/12/2019 13:13