Тренерот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ – хрватската легенда Горан Иванишевиќ откри детали за подготовките на Ноле за новата сезона и како тој и Маријана Вајда ќе ги поделат должностите на носителот на 16 Гренд-слем титули.

– Започнуваме со тренинзи на 9 декември во Монте Карло и на 16-ти одиме во Абу Даби на егзибициски турнир. Потоа сме во Дубаи до Божиќ, каде Маријан Вајда го презема водството и ќе го придружува Новак во Австралија, изјави Иванишевиќ за српската веб-страница „Журнал“.

Сепак, тоа не значи дека на Ѓоковиќ нема да му бидат потребни услугите на Иванишевиќ по турнирот во Мелбурн, каде ќе ја брани титулата од минатата година.

– Новак сака да патува само со еден тренер. Јас и Маријан се согласивме тој да биде со Новак на Австралија опен и Ролан Гарос, додека јас на Вимблдон и УС Опен. Слична поделба ќе има и на другите турнири. Јас сè уште ќе бидам во Мелбурн, но за моето учество на турнирот во ветераните. Сакам да играм во него, рече шампионот на Вимблдон за 2001 година.


Администратор
08/12/2019 01:52