Полициска акција за разоткривање на учесниците кои биле дел од пукањето во хотелот „Александар Палас“ се одвива на територијата на општината Карпош.

Пред полициската станица во Карпош обезбедувањето е засилено е полициските сили не дозволуваат пристап до станицата. Според неофицијални информации, идентификувани се две лица кои биле учесници во настанот и истите се приведени на информативен разговор.

„Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во хотелот ‘Алесканда Палас’. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР.

Повеќе детали се очекува во текот на утрешниот ден.


Администратор
03/12/2019 00:22