Управата на јапонскиот електронски гигант „Панасоник“ објави дека прекинува со производство на полупроводници поради интензивната конкуренција од Кина и Јужна Кореја.

Од истата причина, донесена е одлука да се продаде тајванската филијала на компанијата – Panasonic Semiconductors Solutions; Nuvoton по цена од 250 милиони долари.

Потегот означува крај на легендарниот јапонски бизнис од 1980-тите и 1990-тите, кога Панасоник беше глобален производител и двигател на иновациите во производството на чипови.

Панасоник како целина предвидува пад на оперативната добивка од 27 отсто. Покрај тоа, челниците на Панасоник минатата недела најавија дека производството на панели со течен кристал ќе заврши до 2021 година.


Администратор
02/12/2019 14:38