Ракометната репрезентацијата на Црна Гора го совлада Сенегал со 29:25, но во тимот не се задоволни како одиграа на стартот на Светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во јапонскиот град Кумамото.

Црногорките по првото полувреме губеа со 14:15, и таквото потценување на противникот можеше скапо да ги чини. Во последните 15-20 минути веќе беше прочитана играта на африканскиот противник, па Црна Гора заигра одбрана кој им донесе победа без поголеми пробеми.

Успешен почеток на СП имаше и Србија која рутински ја надигра Ангола со 32:25. За Србинките најголем проблем е неиграњето на Андреа Лекиќ. Јапонија беше подобра од Аргентина со 24:20, а Германија го совлада Бразил со 30:24.


Администратор
30/11/2019 14:27