Палеонтолозите од Универзитетот на Охајо и њујоршкиот „Аделфи“ тврдат дека некои диносауруси ги менувале забите на секои два месеца.

Се работи за грабливецот маџунгасаурус, еден од последните диносауруси кои оделе по Земјата. Живеел на островот Мадагаскар пред 70 милиони години.

Научниците овој необичен наод го објаснуваат со тоа што забите бргу им се кршеле, веројатно зашто јаделе и кости. Тие ги проучувале микроскопските линии на забите, коишто, слично како годовите кај дрвјата, се признак на растот на тоа одредено тело. Така, за разлика од дрвјата, новите слоеви на забното ткиво кај диносаурусите се образувале секој ден.

Некои животни, на пример – глодачите, исто така јадат коски зашто развиле цврсти заби. Палеонтолозите сметаат дека кај маџунгасаурусите тие не биле дотолку цврсти, па затоа и им паѓале така често.

Со помош на компјутерска томографија, извршена е реконструкција на вилиците на овие праисториски животни, па откриени се и заби што сè уште не пробиле во мигот на смртта.

Науката истакнува дека тоа не е случај со сите видови диносауруси, но претставува важно научно сознание во насока на натамошното проучување на овие одамна изумрени суштества.


Администратор
29/11/2019 12:43