Инстаграм-моделот Деми Роуз има десет милиони следачи кои секојдневно ѝ делат комплименти под фотографиите, но овојпат убавицата стана предмет на исмевање.

Причината за сè ова е видео направено во Мајами, јули годинава, кое деновиве е објавено на интернет. Имено, тој нејзин од на модната писта, неофицијално е прогласен за „најлошото манекенско одење во историја“. Критиките од самите нејзини обожаватели не стивнуваат.

„Кој ја пушти вака на сцената? Ја сакам Деми, ама едноставно – не!“, гласи еден од бројните коментари.

По острите реакции, се јави и самата манекенка.

– Бев многу нервозна, не сакав така… Чевлите ми беа премногу големи и со превисоки потпетици… Да не ги спомнувам личните проблеми – мајка ми почина еден месец претходно. Сè тоа бара многу храброст, па и покрај сè јас сум горда на себе, напиша таа.

Инаку, Роуз самата побарала да се појави на таа ревија, заради промоција на нејзината нова линија на долна облека.


Администратор
25/11/2019 10:22