Британскиот глумец Саша Барон Коен – Али Џи, жестоко го критикуваше основачот на Фејсбук – Марк Закерберг зашто не ги проверува политичките огласи.

Коен вчера ја доби Меѓународната награда за лидер на АДЛ во Вашингтон.

– Оваа социјална мрежа да беше основана 30-тите, Хитлер би можел да објавува содржини против Евреите, рече Коен меѓу другото, во говорот примајќи го одличието.

Тој се осврна и на технолошките гиганти Гугл и Твитер, за кои вели дека се однесуваат како „најголемата пропагандна машинерија во историјата”, оти дозволиле лажните вести да натежнат над вистината.

– Сета оваа омраза и насилство ги овозможуваат интернет-компаниите коишто ја претставуваат најголемата пропагандна машинерија во историјата, нагласи Коен.


Администратор
22/11/2019 13:24