Бекот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски пред утрешниот меч со Австрија во квалификациите за ЕП 2020 вели дека тимот е фокусиран да го заврши циклусот на најдобар можен начин, и да одиграат како и досега.

Тој смета и дека тимот не можеме да биде така слаб како на првиот меч против Австрија.

– Ривалот има силен состав, но ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации да ги заокружиме на добар начин, како и што ги игравме досега. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Секако дека имаме желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија“, рече Стефан Ристовски.


Администратор
15/11/2019 21:54