Полицијата вчера во вренемска разлика од околу три часа упадна во четири домови во Скопје кај осомничени за поседување на дрога, кај кои пронајде и одзема прашкаста материја и марихуана. Тројца од нив ги лиши од слобода.

МВР соопшти дека вчера во 11 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, изврши претрес во домот на Е.М.(39) во с.Побожје. При претресот била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 13 часот полициските службеници го лишиле од слобода Ф.Д.(38) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во село Волково, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со црна течност, порцелански сад и скалпел со остатоци од марихуана.

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје во 16 часот, ја лишиле од слобода Е.М.(32) од Кавадарци, затоа што при претрес во нејзиниот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја и 25.300 денари.

Вчера во 21.30 часот полициските службеници го лишиле од слобода и М.Ѓ.(47) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Карпош, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и една вага со остатоци од прашкаста материја.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против сите овие сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Полицијата најавува засилен интензитет и зајакнати мерки во борбата против недозволената трговија со дрога.


Администратор
15/11/2019 12:34