По силните реакции во јавноста откако се случи инцидент во „Охис“ претставници на иницијативата 02 во дебатните емисии констатираа дека многу прашања останаа неодговорени. Тие дополнително, преку својот фејсбук профил прашаа и дали е точно дека приватната фирма ангажирана за отстранување на опасниот отпад од кругот на фабриката Охис ги исекла пругите за да ги продаде за старо железо иако еспертите предупредувале дека движењето на цистерната со опасниот винил хлорид е единствениот начин таа да биде дислоцирана.

- Цистернава со винил хлорид е вагонска цистерна, донесена со пруга која постоела во кругот на фабриката. Каде е сега пругата? Нели има пријава од ДИЖС за крадење на прагови од пруги, дали овде некој пријавил каде се однесени праговите? Дали можеби се горат заради висококалоричноста, но сега збогатени дополнително со сите испарливи убер токсични хемикалии од ОХИС.

- Дали навистина Екоцентар 97 ги исекол шините низ ОХИС пред 6 години, иако сите хемичари му сугерирале дека тоа е единствениот начин да се дислоцира вагонот со винил хлорид? Дали Екоцентар 97 го откупила ЦЕЛОТО железо од ОХИС, цели погони, сосе ПРУГИ?

- Дали ги демонтирал и единствените турбини во државава каде тој винил хлорид може да се полимеризира, единствениот начин да се претвори во безбедна суровина? Ги повикуваме новинарите да истражат.

- На колку степени треба да се лади оваа суровина? Податок во елаборатот нема, освен дека е лесно запалива и експлозивна и дека се лади...ама замислете само во „летните месеци“. И потоа треба да веруваме дека сме безбедни? Со ваков систем на заштита и контрола?!?, прашаа од О2 иницијативата.