Претставникот на О2 иницијативата Ели Пешева во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ потенцираше дека многу прашања околу целиот случај остаанаа неодговорени.

-Ова што се случи деновиве е крајно неодговорно и претставува загрозување на животот на граѓаните и на животната средина. Многу прашања остаанаа неодговорени, што испарило и како е ангажирана фирмата за складирање и уништување на хемискиот отпад зашто нема лиценца, рече Пешева.

Пешева истакна дека во регистарот за дозволи за транспорт на опасен отпад од јануари 2019 година има 12 издадени дозволи, 4 од нив се истечени, една истекува за некој ден, но ниту една од нив не припаѓа на Еко центар 97. Таа додаде и дека ангажираната компанија немала служба која што следела како се сотранува отпадот.

- Различни се количините кои што се обајвени во тој оглас, за кој се исплатени 2 милиони евра, од оние кои што се утврдени со елаборатот. Метил акрилат мономер пишува дека 11 тони треба да бидат отстранети, а во елаборатот стои дека при инвертизација на резервоарот со метил акрилат е забележано дека истиот го нема во резервоарот. Се претпоставува дека таа количина на метил акрилат е испарена и се поставува прашањето што тогаш испарило во четвртокот и дали тие се адекватните симптоми кои што граѓаните ги почуствувале? Кога се случило тоа испуштање на хемиската материја немало никој кој што бил присутен на локацијата. Значи ние не ни знаеме точно кога тоа е направено, додаде Пешевска.