Со барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да добива апанажа се покажува сиот гнилеж на македонските власти. Крајно неморално, нечесно и неправедно е Катица Јанева која е обвинета за кривични дела и разрешена поради нестручно и несовесно работење да добива апанажа. Единствена Македонија ги повикува пратенциите да го изменат законското решение со кое се овозможува на пратеници и други функционери по престанок на мандатот да добиваат плата во форма на апанажа. Дури и функционери како Катица Јанева која е обвинета и разрешена и не работи повеќе и понатаму да си зема плата од буџетот.

Потсетуваме дека Единствена Македонија уште на 25.08.2009 под ев. собраниски број 3699/1 поднесе Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Реублика Македонија за кратење на функционерските привилегии по престанок на мандатот. Но, од страна на пратениците - целосен молк!

Пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се расправаат за се и сешто во Собранието, но, се единствени и сложни кога се работи за функционерските привилегии.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант и ветува дека ќе ги укине скандалозните функционерски привилегии за бесмилосното трошење на народните пари и непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници

Со почит, Центар за комуникации на Единствена Македонија


Администратор
03/11/2019 15:14