Колку пати сте слушнале од другарка, сестра или некоја познаничка, дека и се допаѓа маж кој делува незаинтресиран за неа и не може да го освои?

Во последно време девојките сакаат мажи кои не се заинтресирани за нив. Наместо да се откажат од нив, девојките ја вложуваат цела своја енергија за да го привлечат нивното внимание, дури и ги прават невозможните работи за кои што никогаш предходно тоа не би си го дозволиле. Уверени се дека ќе упеат да ја променат состојбата. Тука настанува и најголемата грешка.

Зошто би сакале да се промените заради некој или тој некој да се промени заради вас?

Играта на мачка и глушец отсекогаш доминирала во машко-женските односи. Да трчате по некого со целата ваша енергија и тој упорно ве избегнува, често ве доведува до прашањата: Каде грешам? Зошто ме игнорира? Зошто не сака да биде со мене?

И додека постојано се борите со себе и се менувате заради некој “недопирлив”, тој ќе влезе во врска со девојка која што воопшто и не вложила никаков напор. Тогаш почнувате да си ги поставувате прашањата: Зошто ја избра неа? Што има таа, а немам јас? Делуваше незаинтересиран за врска, а така лесно влезе во неа?

Токму во ова последно прашање е одговорот: Тој не сака да биде со вас, тоа јасно и ви го кажа. Мажите по природа се ловци, доколку сака да биде со вас и ќе ве освои!

Навреме треба да си разјасните дека некој едноставно не е заинтересиран за вас и енергијата да ја насочите кон некој кој сака да ве освои, да се грижи за вас и да се завдувате еден со друг.

Колку побрзо ги разберете сигналите кои што некој ви ги праќа, толку полесно ќе управувате со вашиот љубовен живот!


Администратор
17/10/2019 19:49