Извесен Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1ТВ, пренесуваат дел од медиумите.
Како што се наведува, се работи за 77 годишен Скопјанец, кој живее во скопската населба Кисела вода, а во централниот регистар се уште не е направена официјална промена на сопствеништвото.
Во текот на вчерашниот ден, медиумите известија дека при завршните разговори со УЈП изјавил дека сака да ги преземе долговите на фирмите.
Договорот кој го прикажал не е заверен кај нотар, а според истиот лицето без надомест ќе ги презема фирмите.
По контролата на четирите фирми БМЈ Медиа груп, 1ТВ, Меѓународен сојуз и Томато УЈП ќе поднесе три кривични пријави, освен за 1ТВ.
Од контролите кои траеа цел месец УЈП утврдиле дека станува збор за неплатени долгови од сума од 20 милиони денари по основ на ДДВ, данок на добивка и персонален данок.