Мора машки да го поднесеме поразот, да му подадеме рака на противникот, победија чесно и коректно. Им благодарам што ни покажаа до каде е овој Вардар. Ова го изјави крилото на Вардар, Тимур Дибиров по синоќешниот тежок пораз од Кил во Лигата на шампионите.

– Се обидовме да направиме кам-бек, но не бевме подготвени за такво нешто. Ќе анализираме, ќе видиме што се случи и да не дозволиме да се повтори“, изјави Русинот веднаш по мечот.

Вардар во наредното коло од ЛШ се соочува со тешко гостување во Унгарија кај Веспрем (19 октомври).


Администратор
13/10/2019 11:51