Каунтдаун, водечкиот новозеландски трговски бренд, го почнува својот нов неделен „тивок час“ за купувачите на кои им пречи музика, бучава, силно светло или разни специфични звуци.

– Имено, денеска меѓу 14:30 и 15:30 часот по локално време, сите 184 продавници ќе ја стивнат музиката, ќе го исклучат разгласот и нема да ги полнат полиците. Сѐ тоа било поттикнато од здружение за лица со аутизам, соопшти компанијата.

Извршниот директор на здружението, Дејн Дуган изјави дека честопати маркетите не ја забележуваат невидливата природа на аутизмот и тешкотиите со кои тие луѓе се соочуваат при пазарувањето.

Кири Ханифин, управител во Каунтдаун пак, смета дека ова ќе им се допадне и на повозрасните лица, како и многумина други Новозеланѓани кои претпочитаат потивки и помирни места за купување.


Администратор
09/10/2019 23:02