Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ е првото училиште во кое што има инсталирано фотоволтаична електрана во земјава со моќност од 12 киловати преку 42 панели поставени на покривот. Нејзиното официјално пуштање во употреба беше озаначено денеска на денот на патрониот празник на ова скопско училиште.

-Не е битна и не е важна толку инсталираната снага на електраната, не е голема, таа е 12 киловати, меѓутоа е многу важно што има место каде учениците ќе се запознаат со обвновливите извори на енергија кои треба да бидат иднината на нашата држава, каде што ќе можат практично да го видат тој извор на производство на електрична енергија и со него да се запознаат, бидејќи тие ќе бидат идните техничари и инженери што тоа ќе треба да го имплементираат во големите електрани. Овој тип на училишта треба да бидат иднината на македонската економија затоа што тука се применува концептот на дуално образование, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во поздравниот говор на прославата на патрониот празник на средното училиште.

Тој истакна дека дуалното образование почна тука со паралелката што ја воведе ЕВН лани, но оваа година веќе има и паралелка која што е поддржана и од други македонски компании. Потсети дека во 2016 година во ова средно училиште беа запишани само 100 ученици во прва година, а годинава, нагласи, нивната бројка е над 260.

-Мислам дека во образовниот систем мора да се врати концептот за дуално образование и концептот на средните стручни училишта за да го прилагодиме на потребите на економијата во државата, рече Анѓушев.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов посочи дека инсталирањето на првата фотоволтаична електрана во училиштето е доказ за соработката на иснституциите на секое ниво.

-Идејата на учениците поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), директорот на средното училиште и Градот Скопје ни го даде уникатниот пример како едно средно училиште може да воведе една мини револуција во пристапот кон животната средина и енергетската ефикасност. Тука во пракса учениците ќе може да видат како функционира фотоволтаична електрана и очекувам во наредната година да овозможиме целиот покрив да биде фотоволтаичен панел, рече Шилегов.

Тој рече дека Градот ќе поддржи слични проекти и во другите училишта во Град Скопје.

За директорот на ФИТР Јован Деспотовски денешното пуштање во работа на фотоволтаичната електрана во училиштето е класичен пример за резултат на активностите што ги реализира Фондот во соработка со Владата во изминатиот период.

-Ова што денеска го ледаме е многу практичен пример за учениците дека државата стои позади нив со конкретна поддршка, а не само со зборови. Но, и показател за нас, за институциите и за Градот Скопје дека овие млади луѓе ја заслужуваат таа поддршка и дека поддршката ќе продолжи, рече Деспотовски.

Напомена дека ФИТР во изминатиот период стратуваше инцијатива наречена „Фонд за млади умови“ и додаде дека токму овој проект е дел од таа иницијтива во рамки на која и други 53 основни и средни училишта реализираа други проекти во областа на енергетиката, земјоделството, ….

-Дополнително има уште над триста микро, мали и средни домашни компании кои веќе работат на проектите за кои е обезбедена поддршка во изминатите две години, рече Деспотовски и додаде дека во периодот што следи ќе има многу слични презентации како денешната.


Администратор
09/10/2019 20:36