Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Телевизија Алфа од Ресен истакна дека новите десничарски партии кои би се формирале а во нив би фигурирале личности како Митко Јанчев, Никола Тодоров и Петар Богојески се по нарачка на СДСМ и премиерот Зоран Заев.
„ВМРО-ДПМНЕ е обединета. Последните резултати од претседателските избори тоа го покажуваат, но истовремено легитимна е желбата на власта, на СДСМ и на Зоран Заев да прават еден вид проблеми во рамките на опозицијата и тоа е една легитимна постапка. Така што сетоа она што би значео атомизирање и тоа било какво па дури и во рамките на некои незначителни процеси во случајов му одговара само на СДСМ и Зоран Заев. Да сумирам, атомизирање на процеси во рамките на ВМРО-ДПМНЕ во овој случај му одговара само на СДСМ и Зоран Заев, а тоа е легитимна битка и за тоа, претпоставувам, му се потребни определени луѓе за таа нарачка“, рече Мицкоски од Ресен.