[photo]

СДСМ го засилува присуството на терен, меѓу граѓаните низ целата држава.

Во текот на летото организирани беа над 500 маалски и урбани средби на партиски функционери со граѓаните.

Таквите активности дополнително ќе се интензивираат.

Започнува караванот трибини „На прав пат“ на кои ќе разговараме со граѓаните, ќе ги слушнеме нивните ставови и ќе ги следиме.

Утре, Штип е домаќин на првата трибина на која ќе учествува и претседателот Зоран Заев.

Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори.

Сугестиите и предлозите што граѓаните ги дадоа за време на маалски и урбаните средби, како и сите предлози што ќе произлезат од овие трибини ќе ги вградиме во нови мерки и политики, во нова програма од интерес на граѓаните.

За таа цел, сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните.

На прав пат сме! Економијата е на прав пат со рекорден раст од +4.1%, со историски најниска невработеност и 50 илјади нови работни места за само 2 години.

Социјалната реформа е на прав пат, со која обезбедивме подобар живот за 300.000 граѓаните.

Концептот за враќање на парите кај граѓаните е на прав пат!

Како одговорна партија продолжуваме да бидеме меѓу граѓаните и да работиме исклучиво во нивен интерес.


Соопштение за јавност, СДСМ