Секојдневните информации дека скоро половината од вработените во Управата за безбедност и контраразузнавање не ја поминале селекцијата да преминат во новоформирата Агенција за национална безбедност поради неисполнување на општите и посебни законски услови, е најперфидно замајување на јавноста.

Вистината е дека процесот на селекција на кадри во новоформираната АНБ која ја наследи УБК е всушност само параван за полнење на тајната служба со партиски кадри на СДСМ и ДУИ кои во голем дел се всушност припадниците на терористичката ОНА, со цел, задоволување на потребата од фалсификуваниот попис од 2002 година со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.

Агенцијата за национална безбедност се полни со терористи од ОНА без вршење на задолжителни безбедносни проверки а од тајната служба масовно се отстрануваат Македонци - професионалци со децениски работен стаж.

Секојдневните силни написи за суштински реформи во Службата за државна безбедност се едно големо ништо оти во заднина македонската тајна полиција си останува она што беше – служба за гонење на т.н. внатрешни непријатели и политичките неистомисленици.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата.

Со почит, Центар за комуникации на Единствена Македонија


Администратор
28/09/2019 16:13